Submission #86

Здравје и здравство
Здружение ХОПС - Опции за здрав живот Скопје
www.hops.org.mk
hops@hops.org.mk
02/3246-205, 02/3246-210
Ул. Христо Смирненски бр.48-1/6
ХОПС - Опции за здрав живот е здружение кое започна со работа во 1997 година како прв проект во Република Македонија за размена на стерилна опрема за инјектирање. Од тогаш има развиено програми за: намалување на штетите од употреба на дрога, поддршка на сексуални работници/чки, превенција на ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи болести, превенција на туберкулоза, социјална реинтеграција и ресоцијализација на ранливи и маргинализирани заедници во Република Македонија. Во мометот ХОПС своите активности ги реализира преку три програми:

1. Програма сервиси која опфаќа директна работа со корисниците на услуги (корисници/чки на дроги, сексуалните работници/чки и нивните семејства) на терен што се одвива на територијата на Град Скопје, како и во центрите на ХОПС. Програмата опфаќа широк спектар на услуги чијашто главна цел е да овозможи зголемување на достапноста на здравствената заштита и да ги унапреди правата поврзани со здравјето на луѓето, како и да придонесе во процесот на нивно социјално вклучување како полноправни граѓани на Република Македонија коишто ги уживаат своите човекови права и активно учествуваат во животот на заедницата.

2. Програма ЦЕДИ (Центар за едукација, документирање и истражување) која овозможува поддршка во функционирање на програмата Застапување и програмата Сервиси преку прибирање и анализа на податоци и документирања што ќе даваат ажурен преглед на состојбата и потребите кај целните групи/корисниците, како и преку изработка на документи, студии, извештаи и предлози за подобрување на постоечките и/или за воведување на нови политики од важност за корисниците. Исто така, оваа програма овозможува едукација на претставници на институции, студенти, новинари, други здруженија и персоналот на организацијата со цел зголемување на нивните знаења, но и јакнење на нивните вештини за работа со корисниците. Програмата се реализира преку три посебни програмски аспекти: едукација, документирање и истражување.

3. Програма застапување која опфаќа различни аспекти поврзани со политиката на дроги, регулирањето на сексуалната работа, третманот на корисниците, застапеноста на корисниците како креатори на политики и донесувачи на одлуки, финансиската поддршка која државата ја дава на програмите за лекување, намалување на штети, рехабилитација и ресоцијализација.


ХОПС е добитник на Меѓународната награда за ХИВ/СИДА и човекови права за 2010 година, која ја доделуваат Канадската правна мрежа за ХИВ/СИДА - (www.aidslaw.ca) и Human Rights Watch – www.hrw.org

МИСИЈА-Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здравјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување.

ВИЗИЈА-Општество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.
Промовирајќи ја важноста на граѓанскиот сектор во процесот на демократското управување ХОПС даде иницијатива и поддршка за основањето на седум нови здруженија на граѓани и тоа: ХЕРА, РОНДО – Музичко училиште, ЛИМ – ПИД – Здружение за развој на уметноста и културата, ПАСАЖ – Асоцијација за заштита на правата на корисници на дрога, Младински центар ПОГОН, ЗОНА – Кавадарци, Младински клуб – Штип и СТАР – СТАР – Скопје.

Покрај овие организации соработува и со: ЕГАЛ, Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Здружение за заштита на правата на детето, Црвен крст на Република Македонија, Национален младински совет на Македонија, ХЕЛП-Гостивар, Опција-Охрид, Пулс-Куманово, Центар за развој и унапредување на јавниот живот-Тетово, Виа Вита-Битола, Ц’дрим, Сумнал, Ромски ресурсен центар, Ц.С.И. Надеж, Реактор и други.
- Член и Раководител на областа за намалување на штетите од употреба на дроги при Координативно тело за дроги на Град Скопје;
- Основач на Локалниот експертски центар за дроги на Град Скопје;
- Еден од основачите на Коалицијата за намалување на штетите од употреба на дрога за Југоисточна Европа и организатор на Првата Конференција за намалување на штетите за Југоисточна Европа која се одржа во Скопје на 10-ти декември 1999 година;
- Основач на Македонската мрежа за намалување на штети;
- Основач на Коалиција ,,Сексуални и задравствени права на маргинализирани заедници‘‘;
- Член на Националниот координативен механизам (НКМ) уште од неговото основање во 2003;
- Член на Civil Society Forum on Drugs при Европската Комисија во Брисел
- Член на Меѓународната организација за намалување на штети од употреба на дроги (ИХРА);
- Член на Националната комисија за ХИВ/СИДА на Република Македонија;
- Член на Европската мрежа за намалување на штети;
- Член на Mрежата за Застапување на правата на сексуални работници во Централно – Источна Европа и Централнa Азија (SWAN);
- Член на ICRSE – international Committee for the rights of sex workers in Europe;
- Член на NSWP-Global Netwotrk of sex work projects
- Член на ИДПЦ - International Drug Policy Consortium;
- Член на Националната комисија за туберкулоза на Република Македонија;
- Член на Civil Society Forum on HIV/AIDS при Европската Комисија во Брисел
- Член на Делегацијата на здруженија на граѓани од земјите во развој во Управнот Одбор на Глобалниот Фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.
Христијан Јанкулоски
2
49