Презентиран новиот извештај „Соработка во областа на образованието, културата, и невладиниот сектор по Преспанскиот договор. Како да се продолжи напред?“

 

На 16.12.2019 година, претставници на Одделението за соработка со невладини организации учествуваа на јавна презентација на новиот извештај: „Соработка во областа на образованието, културата, и невладиниот сектор по Преспанскиот договор. Како да се продолжи напред?“, во организација на Аналитика тинк тенк и Амбасадата на Шведска во Скопје.

На настанот се обратија Амбасадорката на Шведска во земјава, Кристин Форсгрен Бенгтсон  и универзитетски професори. Јоргос Христидис од ЕЛИАМЕП истакна дека најпродуктивната соработка во моментов се одвива во невладиниот сектор, поради неговата независност, најслаба е во високото образование, што се должи на специфичноста на самиот сектор, а во културата е некаде помеѓу, но секако постои голем потенцијал за соработка. Според Вели Креци проф. на УЈИЕ, истражувач во Аналитика и еден од авторите на Извештајот, овие теми се избрани поради оценката дека станува збор за области каде може со неколку мали интервенции да се направи функционална рамка за зајакнување на соработката, а при тоа се имаа предвид институции каде веќе е воспоставена соработка. Кристин Форсгрен Бенгтсон амбасадорка на Шведска во нашата земја истакна дека Истражувањето е еден од начините на поддршка на имплементацијата на Преспанскиот договор, кој треба да ја дефинира нашата заедничка европска иднина, во која следен природен чекор е отворањето на пристапните преговори со ЕУ. Јоанис Армаколас од ЕЛИАМЕП, исто така, очекува добри вести од Брисел во наредните шест месеци и смета дека е важно што добри вести доаѓаат и од регионот, посочувајќи на односите меѓу двете соседни земји, а особено меѓу граѓанските општества. Ова е трет проект на Аналитика и Елиамеп и прв кој резултира со заеднички подготвен Извештај.