Извештај за пријавени организации со кандидати и Јавен повик за гласање за избор на два членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за областите „Наука, образование и доживотно учење“ и „Медиуми и информатичко општество“

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор („Службен весник на РМ“ бр.98/16 и 164/17 и Службен весник на РСМ бр. 97/19), Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на четири членови на Советот од редот на здруженијата и фондациите, од кои по еден член за областа „Наука, образование и доживотно учење“,„Заштита на маргинализираните лица“,„Медиуми и информатичко општество“ и „ЕУ интеграции и политики“ (објавен на 27.11.2019 година) и  Јавен повик за гласање за избор на два членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите за областите „Наука, образование и доживотно учење“ и „Медиуми и информатичко општество“. 


За областите „Заштита на маргинализираните лица“ и „ЕУ интеграции и политики“, повторно ќе биде распишан Јавен повик за избор на член на Советот, бидејќи во предвидениот рок не е пристигна ниту една пријава.

Секоја активна организација регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија која дејствува во областите „Наука, образование и доживотно учење“ и „Медиуми и информатичко општество“ согласно статутот, може да гласа само за еден кандидат, освен за кандидатот од својата организација, со пополнување на Образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk, најдоцна до 3.1.2020 година. 


Во прилог на Образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар.
 

Извештај со Јавен повик за гласање

Образец за гласање

 

Macedonian