Извештај за пријавени организации со кандидати и Јавен повик за гласање за избор на два членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за областите „Заштита на маргинализираните лица“ и „Медиуми и информатичко општество“

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на три членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за областите „Заштита на маргинализираните лица“,„Медиуми и информатичко општество“ и „ЕУ интеграции и политики“ (објавен на 17.01.2020 година) и Јавен повик за гласање за избор на два членови на Советот од редот на здруженијата и фондациите за областите „Заштита на маргинализираните лица“ и „Медиуми и информатичко општество“. 

За областа „ЕУ интеграции и политики“, повторно ќе биде распишан Јавен повик за избор на член на Советот, бидејќи во предвидениот рок не е пристигна ниту една пријава.

Секоја активна организација регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија која дејствува во областите „Заштита на маргинализираните лица“ или „Медиуми и информатичко општество“ согласно статутот, може да гласа само за еден кандидат, освен за кандидатот од својата организација, со пополнување на Образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk, најдоцна до 21.2.2020 година. 

Во прилог на Образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар.

 

Извештај со Јавен повик за гласање

Образец за гласање