Одржана 21. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 5 јуни 2020 година се одржа 21. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. На седницата, Советот утврди позитивно мислење по Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со COVID-19 кризата, Предлог-одлуката за критериумите и постапката за распределба на средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија за мерки за справување со COVID-19 кризата и текстот на Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата. Материјалите беа подготвени од Одделението за соработка со невладини организации и дополнети со предлози од граѓански организации консултирани преку членовите на Советот. Советот номинираше два свои членови од редот на граѓанските организации да учествуваат во работата на Комисијата за распределба на средствата, со право на глас. 

Undefined