Одржана 25. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 2 декември 2020 година се одржа 25. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. На седницата Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, за учество на два претставници на здруженија и фондации во работата на Главниот штаб за управување со кризи, без право на глас ги номинираше следните кандидати:

Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права Скопје; и

Зоран Дранговски, Македонско здружение на млади правници Скопје.

Дополнително, Советот расправаше за критериумите и постапката за распределба на средствата за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија и областите и специфичните приоритети за финансирање на активности на здруженија и фондации за 2021 година и заклучи за ова прашање да одржи тематска седница на 7 декември 2020 година.

Исто така, Советот го разгледа прегледот на нереализирани активности од Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор (2018-2020).

Советот за соработка со и развој на граѓанското општество констатираше дека на лично барање престанува членувањето во Советот на Александар Николов од Асоцијација за развојни иницијативи - ЗЕНИТ Скопје.

Macedonian