Одржана 28. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 20 јануари 2021 година се одржа 28. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. На седницата Советот го разгледа и усвои Извештајот за работа на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за 2020 година, утврди позитивно мислење по Извештајот за реализација на Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година, како и по текстот на Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 година.

Дополнително на оваа седница, Советот дискутираше и го одложи од разгледување материјалот Предлози за изменување на Одлуката за критериумите и постапката за распределба на средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за наредната тематска седница која ќе се одржи на 29 јануари 2021 година.

Macedonian