Јавен повик до невладините организации кои работат во областа за спречување на корупцијата и владеење на правото

Борбата против корупцијата и криминалот е еден од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Со цел креирање на ефикасни мерки и политики а со оглед на отвореноста на Владата од особено значење е придонесот од невладините организации, кои работат во областа на спречување на корупција и владеење на правото. За таа цел ги повикуваме преставниците на невладиниот сектор да достават  предлози и идеи кои би се инкорпорирале во  планот на Владата за борбата против корупцијата и криминалот.

Доставените предлози треба да содржат:

  • Конкретни препораки и образложение за истите
  • Конкретни активности за спроведување на препораките
  • Надлежни инситуции за спроведување на активностите
  • Предлог рок за исполнување на активностите

Предлозите треба да се достават до Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,одржлив развој и човечки ресурси на следната е-пошта: infozpvrsmnikolovski@gs.gov.mk  најдоцна до 19 февруари 2021 година до 16:30 часот.

 

Macedonian