Јавен повик за учество на пет претставници на граѓанскиот сектор во Работната група за измени на Законот за здруженија и фондации

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на барање на Министерството за правда, објавува Јавен повик за учество на пет претставници на граѓанскиот сектор во Работната група за изработка на измени и дополнување на Законот за здруженија и фондации. Пријавата со целокупната документација се доставува преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Пријава за РГ Закон за здруженија и фондации“ најдоцна до 7 мај 2021 година.

 

Јавен повик

Образец на пријава

Macedonian