Продолжен е рокот за консултации за изработка на Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2021-2023

Со цел директно и суштинско учество на граѓанските организации во изработка на новата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2021-2023, се повикуваат сите заинтересирани граѓански организации активно да се вклучат со свои предлози за мерки и активности што сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за соработка со граѓанското општество во наредниот тригодишен период. Пополнетиот образец со предлог мерки и активности и претставник за учество во фокус група, потпишан од застапникот на организацијата и заверен со нејзиниот печат, го очекуваме најдоцна до 26 мај 2021 година, по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk, со назнака: „Предлог за Стратегијата 2021-2023“.

Предлозите може да се однесуваат на продолжување со спроведување на мерките и активностите содржани во Акцискиот план 2018-2020 што се уште не се реализирани, делумно се реализирани или кои треба континуирано да се спроведуваат и во периодот 2021-2023 година или да претставуваат иницијатива за воведување нови мерки и активности, според приоритетните области:

  1. Нормативна, институционална и финансиска рамка за развој на граѓанскиот сектор
  2. Демократизација, активно учество на граѓанскиот сектор во општествените процеси, во креирањето и следењето на политиките, со посебен фокус на процесот на интеграција во Европската Унија
  3. Граѓанскиот сектор како чинител во социјално-економскиот развој

Граѓанските организации што ќе достават предлози ќе бидат дел од Работната група за изработка на Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2021-2023. За секоја од приоритетните области ќе се организира online состанок на фокус група со претставници на граѓанските организации што ќе достават предлози. За датумот на одржување на состаноците на фокус групите дополнително ќе бидат известени пријавените кандидати.

 

Образец на предлог мерки и активности

Macedonian