Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавува Јавен повик за мерката Практиканство за вклучување на корисници на гарантирана минимална помош

Дали сте граѓанска организација која има потреба од дополнителна работна сила? Дали сакате да им помогнете на лицата корисници на гарантирана минимална парична помош да се вклучат на пазарот на трудот и преку практиканство ги подобрат своите вештини и знаења за понатамошно вработување ?

Ако одговорот е - ДА , активната мерка 5. Практиканство (ИПА) е соодветна за Вас.

Јавниот оглас за мерка 5. Практиканство (ИПА) е објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021г .

Огласот е наменет за работодавачи, односно граѓански организации кои сакаат да ангажираат практиканти, како и за лица корисници на гарантирана минимална помош, а се регистрирани како невработени во АВРСМ.

 

На невработеното лице учесник во мерката ќе му биде исплатен  месечен  паричен надомест од 9.000,00 денари , со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалан болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката до три (3) месеци.

Огласот е отворен до исполнување на предвидениот опфат на корисници, односно до искористување на ИПА средствата наменети за оваа мерка.

Подетални информации се достапни во огласот за мерка 5. Практиканство - ИПА на веб страната на АВРСМ  https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

За сите дополнителни прашања обратете се во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Дополнителни информации за вработување на лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП),  можат да се добијат во  ИПА канцеларијата на ipa@avrm.gov.mk.

Macedonian