Извештај за пријавени организации со кандидати и Jавен повикза гласање за избор на член на Советот за областа Заштита на животната средина

 

Врз основа на член 7 одОдлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријатна Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавуваИзвештај за пријавени организации со кандидатипо Јавниот повикза избор на член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациитеза областaЗаштита на животната средина,објавен на 3.11.2021 годинаи Јавен повикдо организациитеда го дадат својот глас само за еден од кандидатите.Секоја активна организацијарегистрирана во Централниот регистар исо област на дејствувањеЗаштита на животната средина, може да гласа само за еден кандидат,освен за кандидатот од својата организација, со пополнување на образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска поштана nvosorabotka@gs.gov.mk, до 9.12.2021 година. Во прилог на образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар (како потврда дека областа на дејствување на организацијата е Заштита на животната средина).Организациите што го оствариле своето право на глас во периодот од 14 до 29.04.2021 година, од 7 до 21.6.2021 година или од 28.07 до 11.08.2021 година и нивниот глас се сметал за важечки, немаат право повторно да гласаат.

 

Извештај со јавен повик за гласање мк

Извештај со јавен повик за гласање ал

Образец за гласање

Undefined