1.1

1.1.Подготовка на измени на Законот за здруженија и фондации (во насока на ревизија и прилагодување на номенклатурата дефинирана во законот со цел препознавање на други форми на здружување, ревизија на одредбите за непартиско дејствување и влијание на избори, анализа на функционалните модели за стекнување со статус од јавен интерес, интегрирање на податоците на регистрираните организации во една база на податоци во отворен формат, заштита на непрофитниот карактер, генерални критериуми за начинот на финансирање на организациите од корисниците на јавни средства итн.)

Показатели

Подготвен е предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации со учество на претставници на граѓанските организации во работната група

Надлежна институција

Министерство за правда,

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Рок на спроведување

1 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Активностите за подготовка на законот ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот.  Потенцијална донаторска поддршка во делот на јавни консултации и информативни настани

Статус:

Во тек

Преземени активности:

На 16.3.2022 година министерот за правда донесе Решение за формирање на Работна група за изработка на Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, составена од претставници на Министерството за правда, Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за финансии и претставници на граѓанските организации (Фондација Отворено општество Македонија Скопје, Македонски центар за меѓународна соработка Скопје, Здружение Рурална коалиција Куманово, Македонско здружение за заштита при работа Скопје и Здружение на алумнисти на програмта СВТ Алумни Скопје. Првиот состанок на Работната група се одржа во Министерството за правда на 25.3.2022 година, утврден е План за работа на работната група со план за консултации.  На состаноците на Работната група одржани на 13.5.2022 и 13.6.2022 беа разгледани доставените коментари од страна на граѓанските организации, а на 28.06.2022 во соработка со проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од ЕУ, се одржа работилница за презентација на клучните наоди и препораки од Компаративната анализа на најдоброто законодавство на ЕУ за граѓанските организации.На 08.07.2022  се одржа заеднички состанок со Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации. На online состанокот одржан на 15.07.2022 година беа разгледани коментарите на предлог-законот, а на online состанокот на 17.08.2022 одредбите за името на организациите. На крајот на август, Гоце Коцевски и Снежана Камиловска Трпевска, на нивно барање, имаа средба со министерот за правда во врска со предлогот за формирање Советодавно тело за давање на мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице. На 13.10.2022 Работната група повторно го разгледуваше прашањето за употреба на име на историска личност во името на организациите, а по доставување Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации од група пратеници во Собранието, на 18.10.2022 работната група, во интерес на квалитетно законско решение, препорача  да влезе во сила оваа измена на ЗЗФ и низ практична примена да се оценат евентуални недостатоци и тие да се отстанат подоцна со новиот закон. На 21.10.2022 година беше одржан состанок во Делегацијата на ЕУ со претставници на Министерството за правда и ИПА проект, за процесот на подготовка на ЗЗФ. На 27.10.2022 беа разгледани предлог-одредбите за Финансиска поддршка на граѓанските организации и Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество.  Состаноци на работната група беа одржани и на 9.11 2022 и 2.12.2022 година на кои се разгледа Акциски план со временска рамка  и чекори за подготовка на законот и компаративна анализа од законодавството на ЕУ.Беа отворени прашања околу статусот на организациите од јавен интерес, формални и неформални начини на здружување, државното финансирање на граѓанските организации и одредби за Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. 

Дополнителни информации:

Undefined