2.1.

2.1.Проширување на отворените податоци што Централниот регистар на Република Северна Македонија ги објавува за граѓанските организации со податоците достапни од индивидуалнотот пребарување, достапни како постојни услуги

Показатели

Објавени интегрални податоци за регистрираните здруженија и фондации во отворен формат, кои можат да се пребаруваат по клучни индикатори (врз основа на информациите кои се прибираат согласно Законот за здуженија и фондации)

Надлежна институција

Централен регистар на Република Северна Македонија,

Министерство за информатичко општество и администрација,

Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации,

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Рок на спроведување

1 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот

Статус:

Реализирано

Преземени активности:

Централниот регистар на Република Северна Македонија преку интернет порталот www.crm.com.mk, овозможи полесен пристап до информации и сервисно ориентиран каталог со услуги преку кој крајните корисници можат лесно да пристапат до услуги. Согласно заложбата 1.5 Овозможување на бесплатен пристап до податоци за граѓанските организации од Националниот Акцискиот план за партнерство за отворена власт 2021-2023 г., во менито „Отворени податоци“, веб страница „граѓански организации“ (https://www.crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/gragjanski-organizatsii) е достапна Листа на граѓански организации, со проширен обем на податоци кои се слободно и отворено достапни, при што, покрај основните податоци за граѓанските организации (ЕМБС, ЕДБ, назив, правна форма - организационен облик) се вклучени и останати податоци како што се: адреса и општина на седиштето на субјектот, адреса на електронска пошта - емаил, датум на основање, големина, правен статус (активен/неактивен/во постапка на утврдување  на статус/избришан), претежна дејност (шифра и опис) и дополнителни информации (во стечај/во ликвидација). 

Дополнителни информации:

Undefined