2.4.

2.4. Подготовка на измени и дополнувања на Законот за користење на податоци од јавен сектор и негово усогласување со Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор (2019/1024)

Показатели

Подготвен е Закон за изменување и дополнување на Законот за користење на податоци од јавен сектор

Надлежна институција

Министерство за информатичко општество и администрација во соработка со Фондација за интернет и општество Метаморфозис

Рок на спроведување

1 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Проект на УСАИД за граѓанско учество

Статус:

Во тек

Преземени активности:

Во програмата за работа на Владата за 2022 г. содржан е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за користење на податоците од јавниот сектор, со цел усогласување со ЕУ Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор (2019/1024). Во октомври 2021 година од страна на министерот за информатичко општество и администрација формирана е Меѓуресорската работна група за изработка на Предлог-законот,  подготвен и спроведен е структуриран Прашалник за користење на податоците од јавен сектор и посебни интервјуа и подготвена е Aнализа на Директивата (ЕУ) 2019/1024 на Европскиот парламент и на Советот од 20 јуни 2019 година за отворени податоци и повторна употреба на информации од јавниот сектор со препораки за транспонирање.  Во работната група со претставници од институциите и засегнати страни кои имаат искуство во областа на отворени податоци во тек е процес на доработка на  Оценка на спроведувањето на сегашниот закон (ex-post evaluation), Проценка на влијанието на новиот Предлог на закон (regulatory impact assessment) и подготвка на првиот нацрт текст на законот.  Одржан е осми состанок на работната група на кој се работеше на финализирање на нацрт текстот на законот. По финализирање на нацрт текстот на законот планирано е да се спроведат консултации на ЕНЕР и по соодветно вградување на коментарите да се пристапи кон финализирање на Извештајот за ПВР и предлог законот. 

Дополнителни информации:

Undefined