5.1.

5.1. Анализа на можностите за ослободување од данокот на додадена вредност (ДДВ) за ко-финансираниот дел на одобрените проекти поддржани од донаторите (Европска Унија, САД, држави членки на ЕУ и држави со кои се потпишани билатерални договори за соработки) во делот на учеството на граѓанските организации за кофинансирање

Показатели

Број на локални донатори кои се свесни за даночните олеснувања и ги поддржуваат граѓанските организации

Надлежна институција

Министерство за финансии,

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Рок на спроведување

2 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Потенцијална донаторска поддршка

Статус:

Преземени активности:

Според Министерството за финансиии, барањето за измени на даночните акти со цел да се овозможи реализација на мерката е неприфатливо од причина што е во спротивност со Директивите на ЕУ.  Зголемувањето на листата на добра кои би се ослободиле од  ДДВ ја нарушува неутралноста на овој данок, врши притисок врз зголемување на висината на општата стапка на ДДВ и ќе предизвика и негативни фискални импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија.

Дополнителни информации:

Би се нарушила неутралноста и праведноста на самиот данок на додадена вредност а истото негативно ќе се одрази во извештајот на Република Северна Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија, во делот на поглавјето кое се однесува на Оданочувањето (Поглавје 16). 

Undefined