8.1.

8.1. Зголемување на уделот на државно финансирање од централниот буџет и од буџетите на единиците на локална самоуправа, со цел да се достигне удел од 30% (околу 2 милијарди денари) во вкупните приходи на граѓанските организации до 2024 година

Показатели

Во процесот на буџетско планирање во државата организирани се консултации со граѓански организации за планирање на буџетот; Усвоен е Буџет на Република Северна Македонија со вкупно зголемен процент на планирани средства за финансирање на граѓанските организаци (20% од вкупните приходи на граѓанските организации во 2022 година, 25% во 2023 година и 30% во 2024 година) и предвидени се финансиски средства за воспоставување и функционирање на Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество и кофинансирање на проекти на Европската Унија

Надлежна институција

Министерство за финансии,

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Рок на спроведување

2022 - 20% 2023 - 25% 2024 - 30%

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

 

Статус:

Преземени активности:

Министерството за финансии континуирано настојува за зголемување на средставата неменати за финансирање на граѓанските организации, согласно расположливите можности на Буџетот. Министерството за финансии не го поддржува овој начин на утврдување на средствата за финансирање на здруженија и фондации, преку процентуално издвојување согласно остварените приходи на централно и на локално ниво. Ова од причина што вкупните приходи претставуваат збир од даночни приходи, придонеси, неданочни приходи, приходи од сопствени сметки, капитални приходи и донации, односно задолжителни плаќања кои се утврдени со закон, приливи кои произлегуваат од сопственост на средства, како и неповратни средства добиени од влади на други држави или меѓународни организации, како и од домашни или странски правни или физички лица кои се користат согласно со условите и намените договорени со донаторот, и се распределуваат наменски по буџетски корисници за финансирање на конкретни проекти во нивна надлежност.
Министерството за финансии предлага потребните средства за финансирање на здруженија и фондации да се утврдуваат за тековната фискална година согласно буџетските можности.

Дополнителни информации:

Министерството за финансии предлага потребните средства за финансирање на здруженија и фондации да се утврдуваат за тековната фискална година согласно буџетските можности.

Undefined