8.2.

8.2. Воведување на механизми со кои ќе се осигура дека планирањето на средствата за финансирање на граѓанските организации ќе биде исклучиво на контото 463, а само во исклучителни и специфични случаи тоа ќе се врши преку други конта во Буџетот на Република Северна Македонија

Показатели

Во Буџетот на Република Северна Македонија сите средства за финансирање на граѓанските организации се испланирани на контото 463

Надлежна институција

Министерство за финансии,

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Рок на спроведување

3 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот

Статус:

Преземени активности:

Министерството за финансии при изготвувањето на Буџетот на Република Северна Македонија за секоја фискална година, настојува планирањето на средствата кои се доделуваат за финансирање на граѓанските организации да биде планирано на расходната ставка 463.
Оваа активност се спроведува континуирано, при секоја подготовка на Буџетот.

Дополнителни информации:

Undefined