3.3.

3.3. Јакнење на капацитетите на членовите на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, воспоставување алатки за континуирана, независна и ефикасна работа на Советот и вопоставување на механизми за комуникација интерно помеѓу членовите на Советот

Показатели

Процент на отсуство на членовите од седници на Советот и промена на членови во Советот; Процент на одлуки или предлог политики донесени од Советот кои што се усвоени од релевантните државни институции; Изготвен, усвоен и практикуван план за комуникација на Советот

Надлежна институција

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество,

Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации

Рок на спроведување

1 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот, со поддршка од проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија

Статус:

Реализирано

Преземени активности:

Во соработка со проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од ЕУ, на 24 и 25.11.2021 г., се одржа онлајн Работилница за информирање, комуникација и консултација со засегнатите страни на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Целта на работилницата беше да се постигне заедничко разбирање за главните предуслови за ефективна внатрешна и надворешна комуникација на Советот, подобрување на севкупниот квалитет на планирање на комуникациските активности на Советот, дискутирање за пристапите на стратешка комуникација со главните чинители, договор за следните чекори во развојот на годишната програма за работа и годишниот план за комуникација на активностите на Советот.  Програмата за работа на Советот за 2022 г. беше предмет на посебна работилница за стратешко планирање, што се одржа на 15.12.2021 г. На 16 и 17 мај 2022 се одржаа две полудневни работилници „Градење позиции и постигнување консензус во работата на меѓусекторските советодавни тела“, наменети за членовите на Советот од редот на вработените во органите на државна управа и за членовите од граѓанското општество. Во 2022 година Владата разгледа две информации предложени од Советот (Информација за обидите за делегитимирање на граѓанскиот сектор и штетноста на говорот на омраза и насилството врз граѓанското општество и активистите за човекови права, разгледа на 34. седница на Владата, одржана на 29.3.2022 година и Информација за состојбите во однос на обезбедувањето на социјална и здравствена заштита од страна на граѓанските организации, разгледана на 55. седница на Владата, одржана на 28.6.2022 година)

Дополнителни информации:

Undefined