10.1

10.1. Поттикнување на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) преку спроведување јавни кампањи за можностите за користење на ЕНЕР

Показатели

Број на спроведени јавни кампањи за можностите за користење на ЕНЕР; Процент на предлог-закони објавени на ЕНЕР; Процент на предлог-закони објавени на ЕНЕР за кои е почитуван рокот за консултации од 20 дена; Процент на предлог-закони за кои се доставени коментари на ЕНЕР од граѓански организации

Надлежна институција

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество,

Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации

Рок на спроведување

4 квартал 2022, континуирано

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамки на редовните работни задолженија на вработените и во рамките на одобрените средства во буџетот

Статус:

Преземени активности:

Од 111 предлог закони утврдени од страна на Владата во 2021 година кои подлежат на ПВР 41 предлог – закон или 36.94%  биле објавен на ЕНЕР, а за 20 предлог закони или 18 % е испочитуван рокот за консултации од 20 дена до доставување на барање за мислење од  МИОА (согласно Методологијата за ПВР). Од 41 предлог на закон објавен на ЕНЕР, за 22 предлози на закони (53,7%) се доставени вкупно 369 коментари од засегнати страни, од кои 245 коментари (66.4%) се однесуваат на еден предлог-закон (Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри) .  Од преостанатите 124 коментари, 17 (13,7%) се доставени од страна на граѓански организации за 10 предлози на закони.

Дополнителни информации:

Undefined