12.1.

12.1. Спроведување на широки консултации за конципирање на модел на избор на претставници од граѓанското општество во секторските работни групи

Показатели

Спроведени широки консултации со граѓанските организации (четири консултативни средби од кои една на национално и три на локално ниво со опфаќање на повеќе од 70 претставници на граѓански организации)

Надлежна институција

Секретаријат за европски прашања, Министерство за локална самоуправа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно поланирање, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за фианансии, Министерство за здравство, Кабинет на заменикот на претстедателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори

Рок на спроведување

1 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот

Статус: Реализиран

Преземени активности:

Со одржувањето на Меѓувладината конференција меѓу Северна Македонија и Европската Унија на 18.7.2022 и формалниот почеток на пристапните преговори се интензивираа консултациите со претставниците на граѓанскиот сектор со цел да се дефинираат модалитетите за нивно вклучување во овој процес. Во таа насока заменикот претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач на  на 25.8.2022 одржа консултации со претставници на граѓанските организации за да се споделат мислења за преговарачката структура и за начинот на нивно вклучување во процесот на преговори. Дополнително, државната секретарка во СЕП и заменик на главниот преговарач одржа координативен состанок со претставници на граѓанските организации на кој присуствуваше и поранешниот главен преговарач на Хрватска. Со Одлуката за воспоставување на структурата за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија се предвидува можноста за учество на граѓанските организации во работните групи за подготовка за преговарачките позиции (член 15 став 4 и член 16). Во насока на обезбедување на транспарентност и инклузивност на процесот, СЕП ги покани граѓанските организации да ги следат објаснувачките состаноци за областите/поглавјата кои се одржаа во периодот од септември-октомври 2022 година и тоа за Кластер 1 Фундаментални вредности, Кластер 2 Внатрешен пазар и Кластер 3 Конкурентност и инклузивен раст. За следење на  објаснувачките состаноци за трите кластери вкупно беа пријавени 107 пријавени граѓански организации (односно 42 индивидуални ГО). Оваа пракса ќе прoдолжи и за следните објаснувачки скрининзи. СЕП исто така ангажираше меѓународен експерт кој подготови компаративна анализа на моделите на учество на граѓанскиот сектор во пристаните преговори кај земјите од регионот (Албанија, Црна Гора и Србија) и предлози за можните модалитети во земјата кои ќе се користат како основа за конслутација со граѓанските организации. На 28.11.2022, СЕП објави јавен повик за пријавување на сите заинтересирани граѓански организации за консултации за процесот на преговори за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија. Целта на овој повик е создавање на регистар/база на граѓански организации на кои СЕП ќе може да смета во текот на процесот преговори за пристапување на РСМ кон ЕУ и кои ќе може да ги известува континуирано и да ги консултира повремено за прашања поврзани со преговорите за пристапување. Сите заинтересирани граѓански организации може да се пријават за една или повеќе области и поглавја од правото на ЕУ за оние области и поглавја во рамки на нивното поле на делување, преку пополнување на електронска регистрациска форма. Заклучно со 10.1.2023 во базата на СЕП се регистрирани околу 180 граѓански организации. 

Дополнителни информации:

Undefined