15.1.

15.1. Воспоставување на сеопфатен едукативен превентивен механизам во основното и средното образование, во рамки на граѓанското образование, со цел прифаќање на различностите и рано надминување на предрасудите

Показатели

Воспоставен сеопфатен едукативен превентивен механизам во рамки на граѓанското општество;

Надлежна институција

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество,

Министерство за образование и наука,

Министерство за внатрешни работи

Рок на спроведување

4 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Потенцијална донаторска поддршка

Статус: Реализирано

Преземени активности:

Со поддршка на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) развиен е нов Концепт за граѓанско образование во основно образование кој е одобрен од Бирото за развој на образованието (БРО) и усвоен од Министерството за образование и наука (МОН) како водечки документ за поттикнување на граѓанска култура. Врз основа на Концептот ревидирани се наставните програми за граѓанско образование за осмо и деветто одделение основно образование, како и наставната програма за прва година средно стручно образование. Новите наставни програми се применуваат во сите основни и средни стручни училишта. Заедно со ревидираната наставна програма,развиени се и материјали за предавање и учење. Повеќе од 450 наставници се обучени да предаваат согласно новите наставни програми.

Дополнителни информации:

Undefined