15.2.

15.2. Поддршка и спроведување на јавни кампањи за сензибилизација на јавноста за прифаќање на различностите, базирани на толеранција и почитување

Показатели

Број на едукативни кампањи за превенирање говор на омраза;

Надлежна институција

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество,

Министерство за образование и наука,

Министерство за внатрешни работи

Рок на спроведување

4 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Потенцијална донаторска поддршка

Статус: Реализирано

Преземени активности:

Со цел зајакнување на демократската клима,повеќе од 420 училишта спроведоа младински иницијативи, волонтерски активности и активности за граѓанско учество и ги промовираа за време на отворените денови за граѓанско образование. Врз оснва на ова изработена е публикација со добри практики за ученички иницијативи која е одобрена од Бирото за развој на образованието и служи како насока за училиштата во процесот на организирање на ефективни ученички иницијативи.             На веб сајтот на МВР поставена е апликацијатa “Црвено копче-Red button“ наменета за пријавување какви било сознанија или информации од областа на злоупотреба на деца, криминал од омраза и повикувањето на насилство, како и трговијата со луѓе. Во 2022 год. се спроведени 40 кампањи за превенирање на говор на омраза. На подрачје на СВР Скопје од страна на инспекторот за превенција во ПО Шуто Оризари одржани се вкупно пет едукативни работилници во Средното училиште Шаип Јусуф во Шуто Оризари. На подрачје на СВР Куманово одржани се вкупно 35 едукативни работилници во средните и основни училишта и тоа: 17 на подрачје на ПС Куманово, десет на подрачје на ОВР Крива Паланка, пет на подрачје на ОВР Кратово и три на подрачје на ПО Ранковце. Спроведени се превентивни активности Стоп за говорот на омраза“ во СВР Охрид и СВР Тетово.  

Дополнителни информации:

Undefined