15.3.

15.3. Систематски обуки за вработените во Министерството за внатрешни работи во делот на говор на омраза и криминалитет од омраза, нивна проактивна улога во делот на следењето на говорот на омраза на социјалните медиуми и навремена реакција и пријавување на ваквите дела

Показатели

Број на обуки за вработени во Министерството за внатрешни работ во делот на говор на омраза и криминалитет од омраза

Надлежна институција

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество,

Министерство за образование и наука,

Министерство за внатрешни работи

Рок на спроведување

4 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Потенцијална донаторска поддршка

Статус: Реализирано

Преземени активности:

Во текот на 2022 година со поддршка на ОБСЕ спроведени се 4 обуки за вработени во МВР во делот на говор на омраза и криминалитет од омраза и тоа: две заеднички обуки за полициски службеници и јавни обвинители за постапување во врска со делата сторени од предрасуди / омраза. Опфатени се по двајца инспектори од криминалистичка  полиција од сите осум Сектори за внатрешни работи.                                                                                                                                                          -спроведени се две обуки за 40 полициски службеници (по 20 од СВР Скопје и СВР Куманово) на тема превенција на говор од омраза и родови стереотипи кај младите. 
За потребите на обуките изработени се:
-беџови со логото – срце „No hate“,  „Без омраза“,
-нотеси со воден знак на „Red Button“ – пријави говор од омраза и насилство  и со позитивни наративи и 
-обележувачи за книги со код на „Red Button“ 
Истите беа и се дел од кампањата што ја спроведуваат Отсеците за превенција 

Дополнителни информации:

Undefined