17.3.

17.3. Евалуација и доколку е потребно, ревидирање на Законот за локална самоуправа, со цел да се обезбедат дополнителни механизми за непосредна демократија

Показатели

 

Надлежна институција

Министерство за правда,

Министерство за локална самоуправа.

Рок на спроведување

1 квартал 2024

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот

Статус:

Преземени активности:

Врз основа на Програмата за оддржлив локален развој и децентрализација 2021-2026 година, со поддршка на УНДП, во рамките на проектот Зајакнување на општинските совети фаза 2, Министерството за локална самоуправа ќе  организира широк консултативен процес за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, во рамките на кој ќе биде отворено и ова прашање, со цел претставниците на граѓанскиот сектор и на општините да го дадат својот придонес во креирањето на механизми кои што ќе овозможат поефикасен и поинклузивен пристап за вклучување на граѓаните на локално ниво.

Дополнителни информации:

Macedonian