20.1.

20.1.Учество на граѓанските организации во имплементација на активните програми и мерки за вработување

Показатели

Aктивните мерки за вработување се достапни и за работодавачи и работници од граѓанскиот сектор

Надлежна институција

Министерство за труд и социјална политика,

Агенција за вработување

Рок на спроведување

1 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот и со потенцијална донаторска поддршка во делот на подготовка на анализи

Статус: Реализирано

Преземени активности:

Оперативниот план за активни програми и мерки и услуги на пазарот на труд за 2022 година, програма „Економија на грижа“, содржи мерка „Обука и вработување на лица за обезбедување услуги за грижа во заедницата“, со која се обезбеди вклучување на невработени лица, заради стекнување на знаења, вештини и компетенции, за обезбедување на услуги на грижа во заедницата и можност за работно ангажирање и вработување како формални даватели на услуги во областа на економијата за грижа, согласно потребите на граѓаните на локално ниво. Со оваа програма, се поддржа и отворање на нови работни места преку основање на нови деловни субјекти (даватели на услуги) или поддршка на веќе постојни претпријатија и граѓански организации. Од планирани 150 лица за опфат, беше реализирано вклучување на 147 лица (98%). Имплементацијата беше поддржана од Швајцарската агенција за развој и за соработка (СДЦ)  и од Проектот за Креирање можности за работа за сите (УНДП). Особено е значајно да се одбележи и учеството на граѓанските организации во имплементацијата на Програмата „Гаранција за млади“, што се состои од три столба, од кои вториот столб  “Теренски активности“ се имплементира од страна на Младински чадор организации. Нивната цел е да се изнајадат, анимираат младите НЕЕТ (млади  лица до 29 години кои не се во процес на образование, обука и не се евидентирани во АВРМ), да се информираат за можностите и да се охрабрат да се пријават во Агенцијата за вработување, за да се вклучат во понатамошни  активности на ГМ (давање на услуги, вклучување во активни мерки за вработување).

Дополнителни информации:

Соработката со граѓанските организации и нивното активно учество во имплементацијата на програмата „Гаранцијата за млади“ ќе продолжи и во наредниот период, до 2026 година.

Undefined