20.4.

20.4. Анализа на компаративни искуства за учество на граѓанските организации во работата на Економско социјалниот совет

Показатели

Подготвена компаративна анализа; Граѓанските организации активно учествуваат во работата на Економско-социјалниот совет преку свои легитимно избрани претставници

Надлежна институција

Министерство за труд и социјална политика,

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Рок на спроведување

1 квартал 2023

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот и со потенцијална донаторска поддршка во делот на подготовка на анализи

Статус:

Преземени активности:

Ваква конкретна компаративна анализа во рамките на Министерството за труд и социјална политика не е спроведена. За оваа тема постои отворена дебата и дискусии, иако очигледно е дека за евентуалното вклучување на граѓански организации во работата на Економско-социјалниот совет постојат повеќе предизвици. 

Дополнителни информации:

Ризиците за евентуалното учество на граѓанските организации во работата на ЕСС се од типот на:
- појава на отпор и несогласување или недостаток на поддршка од страна на социјалните партнери (синдикатите и организациите на работодавачи)
- реални предизвици со кои би се соочиле во делот на утврдување на репрезентативно присуство и учество на граѓанскиот сектор, т.е. избор или номинирање на граѓански организации кои би учествувале во работата на ЕСС

Undefined