23.1.

23.1.Подготовка на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности со учество на претставници на граѓански организации во работната група

Показатели

Подготвен е предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности со учество на претставници на граѓанските организации во работната група

Надлежна институција

Министерство за правда, Министерство за финансии

Рок на спроведување

1 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот. УСАИД Проект „Партнерствa за донирање“

Статус: Во тек

Преземени активности:

На 16.03.2022 г. со решение на Министерот за правда, формирана е Работна група за изработка на Закон за изменување и дополнување на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, составена од претставници на Министерството за правда,  Министерството за образование и наука, Министерството за економија, Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за култура, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Министерството за локална самоуправа, Министерството за животна средина и просторно планирање и претставници на граѓанските организации (Здружение за поддршка на развојот на граѓанското општество и локалните заедници ХОРУС Скопје, Фондација Отворено општество Македонија Скопје, Македонско здружение на млади правници Скопје, Банка за Храна МК,  Американска стопанска комора и Здружение Конект Скопје. Првиот состанок на Работната група се одржа во април 2022 г. На вториот и третиот состанок на Работната група, одржани на 14.4.2022 и 27.5.2022 година беа разгледани доставените коментари од страна на граѓанските организации.На 20.07.2022 година Министерството за правда организираше состанок со претставници на Здружението Конект, Министерството за финансии и УЈП, за скратување на постапката за донации само со потврда за донации. Предлогот не беше прифатен од УЈП, со што останува надлежноста на Министерството за правда да носи решение за потврда на јавниот интерес.

Дополнителни информации:

Undefined