Повик за проекти преку Интерег Еуро-МЕД транснационалната програма

Секретаријатот за европски прашања го најавува отворањето на првиот повик за проектни предлози во рамки на Интерег Еуро-МЕД транснационалната програма. Овој повик за проектни предлози е насочен кон приоритет 3 од Програмата, „Управување во Медитеранот“, специфична цел „Други активности за поддршка на подобрено управување преку соработка“.

Повикот ќе биде отворен од 24 февруари до 24 мај 2022 год. и истиот ќе поддржи 2 типа на проекти: тематски проекти во заедницата и проекти за институционален дијалог.

Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб страна на Интерег Еуро-МЕД транснационалната програма, каде е објавен повикот, на следниот линк:

https://interreg-euro-med.eu/en/call-1-governance-projects/ 

 

Контакт лица за Програмата:

Зуица Змејковска
Zuica.zmejkovska@sep.gov.mk 

Софче Крстиќ
Sofce.Zafirovska@sep.gov.mk 

Undefined