Одржан состанок на работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации

На 3.3.2022 година, Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации го одржа својот прв состанок, преку полудневна online работилница организирана во соработка со проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.

На состанокот се дискутираше за целта и клучните компоненти на реформата на институционалната и правната рамка за државното финансирање на граѓанските организации, редоследот на активностите што водат до реформа на државното финансирање на граѓанските организации, во согласност со Стратегијата за соработка и развој на граѓанското општество со Акциски план за 2022-2024 година,

координативната функција на Работната група и механизмите за обезбедување ефективна координација на процесот на реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации, како и подготовка на детален план за активностите за координација на Работната група за спроведување на реформата.

Undefined