Одржани работилници за членовите на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 16 и 17 мај 2022 година, во соработка со проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, се одржаа две полудневни работилници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на тема „Градење позиции и постигнување консензус во работата на меѓусекторските советодавни тела“, наменети за членовите од редот на вработените во органите на државна управа и за членовите од граѓанското општество.

Игор Видачак, експерт ангажиран од проектот, ги претстави добрите практики во функционирањето на меѓусекторските советодавни тела, истакнувајќи ги клучните чекори во процесите на градење заеднички позиции и постигнување консензус во донесувањето на одлуките. Тој ја потенцираше улогата на Советот како форум за структуриран дијалог, механизам за градење меѓусебна доверба, механизам на застапеност на граѓанските организации во процесите на креирање политики на Владата, експертско советодавно тело и катализатор на хоризонтална соработка меѓу организациите од различни сектори и платформа за нивно застапување и градење коалиции.

На работилниците беше истакната и важноста на Годишниот план за работа на Советот и негово ажурирање во согласност со законодавната динамика на Владата, како и проактивното идентификување на нови предлози на закони и други акти кои ќе влијаат на граѓанските организации и нивно разгледување од Советот на предлог на членовите од ресорните министерства. Беа отворени и прашањата за автономијата во донесувањето на одлуките, внатрешната комуникација и консултација на членовите од редот на вработените во органите на државната управа во институциите што ги претставуваат, како и за индивидуалната експертиза и искуство на членовите на Советот од редот на граѓанските организации, но и значењето на нивната репрезентативна улога и застапување на интересите на организациите од различните сектори.

   

  

Undefined