Консултации за изменување на Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор


Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија – Одделение за соработка со невладини организации започнува консултативен процес со граѓанските организации за воспоставување функционален Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор. Вашите мислења и предлози за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор („Службен весник на РМ“ бр.98/2016) можете да ги доставите на nvosorabotka@gs.gov.mk до 15.09.2017 година.

Macedonian