Одржани состаноци на работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020

На 14 и 15 март 2018 година, во просториите на Клубот на органите на управата  во Скопје, се одржаа работни состаноци за подготовка на  новата Стратегија на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020. Сите заинтересирани граѓански организации кои врз основа на објавениот јавен повик предложија свој претставник во работната група за изработка на Стратегијата и членовите на Мрежата државни службеници за соработка со граѓанскито сектор имаа можност активно да учествуваат во расправата по концептот на Стратегијата и да придонесат во утврдувањето на целите и мерките на идниот стратешки документ. Членовите на Работната група беа поделени во две групи во согласност со изборот на приоритетна област при пријавата. Првата група се фокусираше  на приоритетните области: „Нормативна, институционална и финансиска рамка за развој на граѓанскиот сектор“ и „Демократизација, активно учество на граѓанскиот сектор во општествените процеси и во креирањето на политиките, со посебен фокус на процесот на интеграција во Европската Унија“. Втората група беше задолжена за третата приоритетна област од концептот на Стратегијата: "Граѓанскиот сектор како чинител во социјално-економскиот развој“. На состанокот одржан на 14 март 2018 година, учествуваа 40 члена на работната група, додека на 15 март учествуваа 24 члена на работната група. На состаноците учествуваа и вработените во Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат и експертскиот тим на брзиот твининг проект „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор“ од Канцеларијата за соработка со НВОи на Владата на Република Хрватска.

 

Предлози од Работната група

Галерија

Macedonian
твининг проект ИПА 2013: