Информативни сесии за проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“

 

Во организација на УНЕСКО, во Кинотеката на Северна Македонија на 17 февруари (петок) во 12 часот ќе бидат организирани информативни сесии за проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“.

Претставниците од овој проект, кој е финансиран од Европската Унија, имплементиран од УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка, ќе ги презентираат деталите за аплицирањето.

Станува збор за два отворени повика: едниот е за доставување предлози од организации и институции, а вториот за изразување интерес на поединци заинтересирани да придонесат кон зацврстување на културниот и креативниот сектор и хармонизација нa Западен Балкан.

Критериумите и начините на аплицирање може да се најдат на следниве линкови:

– за физички лица: https://bit.ly/3WIGEji, со рок за поднесување најдоцна до 15 март 2023 година;

– за организации и институции: https://bit.ly/3jl7S1F, со рок за поднесување најдоцна до 31 март 2023 година.

На настанот може да учествуваат установи од областа на културата и на образованието, културни и креативни организации, организации од граѓанскиот сектор, физички лица, медиумски работници и други. 

Сите заинтересирани, информативните сесии во Кинотеката може да ги проследат со физичко присуство, но и онлајн преку платформата ЗУМ со регистрација на следниов линк: https://us06web.zoom.us/…/reg…/WN_1lnFqC-GRdG220LzshTzgw.

Повеќе информации поврзани со програмата и информативните сесии се достапни на следниов линк: „Culture and Creativity for the Western Balkans“ (CC4WBs) in Skopje | Facebook.

Macedonian