Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладините организации

 

Почитувани посетители,

 

Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата. Одделението е формирано како резултат на заложбите на Владата на Република Северна Македонија за институционализирање на соработката, промовирање, поддршка и унапредување на партнерските односи со граѓанскиот сектор.

Одделението е надлежно да го следи и координира спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, се грижи за унапредување на соработката на Владата со граѓанскиот сектор, преку вклучување на граѓанските организации во процесот на креирање политики и создавање услови за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор, врши стручно-административна поддршка на работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации и на Комисијата за организации со статус од јавен интерес.

Во соработката со граѓанскиот сектор, Одделението ги почитува принципите на взаемна доверба, партнерство, независност, плурализам, учество, транспарентност, одговорност, еднакви можности и недискриминација.

Јавен повик за избор на три членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор на седницата одржана на 28.10.2019 година констатира дека на членот во областа „Медиуми и информатичко општество“ на лично барање му престанува членувањето во Советот, а на седницата одржана на 25.11.2019 година, Советот констатира дека на членовите во областите „Заштита на маргинализираните лица“ и „ЕУ интеграции и политики“ им престанува членувањето во Советот поради отсуство од три седници во текот на една година, согласно член 9 став 1 алинеја 2 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор („Службен весник на РМ“ бр. 98/2016, 164/2017 и „Службен весник на РСМ“ бр. 97/2019).

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на двајца членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во областите „Наука, образование и доживотно учење“ и „Медиуми и информатичко општество“

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на двајца членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, во областите „Наука, образование и доживотно учење“ и „Медиуми и информатичко општество“.

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на двајца членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите во областите „Наука, образование и доживотно учење“ и „Медиуми и информатичко општество“ 

Одржан Национален форум за волонтерство

Претставници на Одделението за соработка со невладини организации учествуваа на Националниот форум за волонтерство, што се одржа на 26 декември 2019 година во Скопје, како дел од активностите на Младински културен центар – Битола, во рамките на регионалниот проект „Пат Западен Балкан 6“  (ROUTE WB6) чиј носител е централната канцеларија на РИКО (RYCO) од Тирана, Република Албанија, а е поддржан со фондови на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Целта на форумот беше преглед и дискусија за состојбите со законската регулатива за волонтерство во државата, како и дискусија и насоки за потребата од подготовка на нова Национална стратегија за промоција и развој на волонтерството 2020 -2025.

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS