Одлука за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор


Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 17 мај 2016 година, донесе Одлука за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, како една од најзначајните мерки за зајакнување на институционалната рамка и практики на соработка содржани во Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2012-2017). Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор во Република Македонија, ќе учествува во процесот на креирање на политиките од значење за развојот и делувањето на граѓанскиот сектор преку следење на спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор,  давање мислења по предлози на закони, стратегии, програми и други прописи релевантни за граѓанскиот сектор, следење и анализа на вклученоста на организациите во процесот на креирање на политиките и давање препораки за нејзино унапредување и сл. Советот ќе биде составен од 27 членови, од кои 14 претставници на органите на државната управа и 13 претставници на граѓанските организации избрани по пат на јавен оглас.

Консултативна средба со граѓанските организации за Предлог-одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор

Генералниот секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации на 13 мај 2016 година (петок), од 9:30 до 11:00 часот,во ЕУ Инфо Центарот во Скопје (зграда на Делегацијата на Европската унија, бул.Св.Кирил и Методиј бр.52б),организира консултативна средба со граѓанскиот сектор за Предлог-одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор.

Одлука за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Владата на Република Македонија на седницата одржана на 5.04.2016 година донесе Одлука за распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија за 2016 година наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации. Одлуката е објавена во „Службен весник на РМ" бр.68/16. Со здруженијата и фондации на кои им се доделени финансиски средства во износ од 300.000 денари ќе бидат склучени договори за обезбедување финансиска поддршка, а договорен период за спроведување на проектите е до 31.12.2016 година

Оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус на јавен интерес

Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат распишува Оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус на јавен интерес, од организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации. Кандидатите за членови треба да имаат експертиза од областа на граѓанскиот сектор и познавање на националното законодавство поврзано со некоја од областите определени како дејности на јавен интерес во член 74 од Законот за здруженија и фондации. Рокот за пријавување на кандидатите е 12 февруари 2016 година.

Оглас

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS