На 16 и 17 мај 2018 година, во Клубот на органите на управата во Скопје, се одржа работилница наменета за градење на капацитетите на членовите на Мрежата државни службеници за соработка со граѓанскиот сектор.
Работилницата беше посветена на теоретските и практичните модели за следење на спроведувањето на Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со и Акциски план 2018-2020. Обуката беше заснована на хрватскиот пример за добри практики, процедури, барања и рокови во процесот на следење, при што беа земени предвид и домашните специфики. Членовите на Мрежата зедоа активно учество и работилницата се одвиваше интерактивно.