Jump to Navigation

Повик за учество во тематските подгрупи за финализирање на Стратегијата за реформа на јавната администрација

Со цел обезбедување на квалитетна и навремена координација и комуникација со граѓанскиот сектор во процесот на финализирање на новата Стратегијата за реформа на јавната администрација (СРЈА) за периодот 2017-2022 и Акциски план за СРЈА, Министерството за информатичко општество и администрација објави повик за номинирање членови од граѓанските организации во тематските работни подгрупи.

 

Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат распишува Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија за 2017 година, во вкупен износ од 50.000.000,00 денари, кои ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, преку два типа на грантови: Тип 1 - грантови во висина од  1.845.000 до 3.075.000  денари и Тип 2 - грантови во висина од 307.500 до 615.000 денари. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 28.04.2017 година

 

Информативни настани за Повикот за проектни предлози за грантовата шема „Зголемено учество на граѓанскиот сектор во процесот на интеграција во ЕУ“

Во периодот од 1 до 3 февруари 2017 година Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии и Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата организираат три информативни настани за Повикот за проектни предлози: „Зголемено учество на граѓанскиот сектор во процесот на интеграција во ЕУ “ EuropeAid/138660/ID/ACT/MK финансиран од Европската унија преку ИПА ТАИБ 2013, во:

  • Битола, 1.02.2017 година, Општина Битола, бул.1 Мај бр.61, од 12:00 до 14:00 часот
  • Скопје, 2.02.2017 година, ЕУ Инфо Центар, бул.Св.Кирил и Методиј бр.52б, од 11:00 до 13:30 часот
  • Штип, 3.02.2017 година, Општина Штип, ул.Васил Главинов бр.4Б, од 12:00 до 14:00 часот

Повикот е објавен на https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome и http://cfcd.finance.gov.mk, а рокот за поднесување на проектно резиме е 27 февруари 2017 година. Се покануваат сите заинтересирани да учествуваат на информативните настани.

Национална награда за волонтерство за 2016 година

Националниот совет за развој на волонтерството и Министерството за труд и социјална политика доделуваат Национална награда за волонтерство за 2016 година. Наградата се доделува во четири категории:

  • награда за волонтер на годината (физичко лице);
  • награда за организатор на волонтерска работа (правно лице);
  • награда за волонтерска практика (правно лице);
  • награда за медиуми (правно лице).

 

Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2017 година

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - Одделение за соработка со невладини организации го повикува граѓанскиот сектор за активен придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2017 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РM“ бр.99/11).

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за членови на Советот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за членови на Советот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор, за секоја од областите на дејствување од член 3 став (3) на Одлуката.

 

Листа на кандидати

Извештај за пријавени организации со кандидати и Jавен повик за гласање за избор на 13 членови на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

 

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за бројот на пријавени организации со кандидати од јавниот повик за избор на 13 членови на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, објавен на 23.5.2016 година, во секоја од областите на дејствување од член 3 став (3) на Одлуката и Јавен повик до организациите да го дадат својот глас само за еден од кандидатите во областа на нивното дејствување. Секоја активна организација регистрирана во Централниот регистар на Република Македонија може да гласа за само еден кандидат во една област, освен за кандидатот од својата организација, со пополнување на образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk, до 07.07.2016 година.

 

Извештај со јавен повик за гласање

Образец за гласање

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS


Одделение за соработка со невладини организации

на Генералниот секретаријат на Владата

Бул: Илинден бр.2

1000 Скопје, Република Мекедонија

Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

nvosorabotka@gs.gov.mk

Спроведување на стратегија

Финансиска поддршка

Предлози од граѓански сектор

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

by Dr. Radut