Одржана работилница за членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, за оперативно планирање

На 6 јуни 2018 година, во Клубот на органите на управата во Скопје, се одржа работилница/обука за членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор,  која беше посветена на оперативното планирање на работата на Советот, запознавање и соработка помеѓу членовите.

Експертите од проектниот тим ги презентираа хрватските искуства во организирањето на работата на Советот, а потоа членовите работеа во мали работни групи со цел дефинирање на приоритети во работењето на Советот.

Одржана работилница за следење на спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020

На 16 и 17 мај 2018 година, во Клубот на органите на управата во Скопје, се одржа работилница наменета за градење на капацитетите на членовите на Мрежата државни службеници за соработка со граѓанскиот сектор. 

Работилницата беше посветена на теоретските и практичните модели за следење на спроведувањето на Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со и Акциски план 2018-2020. Обуката беше заснована на хрватскиот пример за добри практики, процедури, барања и рокови во процесот на следење, при што беа земени предвид и домашните специфики. Членовите на Мрежата зедоа активно учество и работилницата се одвиваше интерактивно.

Одржани консултативни средби за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија – Одделение за соработка со невладини организации, организираше консултативни средби за Предлог-Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020,  со цел граѓанските организации со свои предлози и идеи да придонесат кон донесувањето на новата Стратегија, како една од клучните мерки што се однесуваат на граѓанското општество од Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија.

Јавен оглас за номинација на член во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија

Владата на Република Македонија, заради спроведување на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија, објави оглас за номинација на еден член во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија, од граѓански организации кои работат во областа на лица со попреченост. Рокот за доставување на потребната документација е 30.4.2018 година.

Оглас

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS