Одржани консултативни средби за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија – Одделение за соработка со невладини организации, организираше консултативни средби за Предлог-Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020,  со цел граѓанските организации со свои предлози и идеи да придонесат кон донесувањето на новата Стратегија, како една од клучните мерки што се однесуваат на граѓанското општество од Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија.

Јавен оглас за номинација на член во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија

Владата на Република Македонија, заради спроведување на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија, објави оглас за номинација на еден член во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија, од граѓански организации кои работат во областа на лица со попреченост. Рокот за доставување на потребната документација е 30.4.2018 година.

Оглас

Консултативни средби за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020

Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат организира консултативни средби со граѓанскиот сектор за Предлог-Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020, што ќе се одржат во Скопје на 16.4.2018 година (понеделник), од 12:00 до 15:00 часот, во Клубот на органите на управата (бул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.45) и во Битола на 19.4.2018 година (четврток) од 11:00 до 14:00 часот во Салата за седници на Советот на општина Битола (бул.1ви Мај бр.61).

Оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес

 

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија распишува Оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес, од организации регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации. Кандидатите предложени од организациите треба да имаат експертиза од областа на граѓанскиот сектор и познавање на националното законодавство поврзано со некоја од областите определени како дејности од јавен интерес во член 74 од Законот за здруженија и фондации. Рокот за пријавување на кандидатите е 5 април 2018 година.

Оглас

Извештај за пријавени кандидати по Јавниот оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS