Одржана 5. седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 17.03.2022 се одржа петтата седница на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество. Советот ја разгледа Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2022 година на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, го поддржа отворениот пристап на ова министерство за соработка и вклучување на два члена на Советот во работната група за подготовка на Предлог-програмата, но заклучи да утврди мислење откако Владата ќе заземе конечен став по Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2022 година на Генералниот секретаријат на Владата. За ова прашање, Советот одлучи повторно да достави барање до претседателот на Владата и да излезе со Соопштение и Прес-конференција во јавноста.

Macedonian

Јавен повик за учество на претставници на граѓанското општество во Работна група за ИПА 3 2021-2027 сектор Конкурентност и иновации

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, на барање на Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, објавува Јавен повик за учество на претставници на граѓанското општество (четири членови и нивни заменици) во Работната група за ИПА 3 2021-2027, сектор Конкурентност и иновации односно Процорец 4-Конкурентност и инклузивен раст, Тематски приоритет 2 – Развој на приватниот сектор, трговија, истражување и развој.

Јавен повик

Пријава

Macedonian

Одржан состанок на работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации

На 3.3.2022 година, Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации го одржа својот прв состанок, преку полудневна online работилница организирана во соработка со проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.

На состанокот се дискутираше за целта и клучните компоненти на реформата на институционалната и правната рамка за државното финансирање на граѓанските организации, редоследот на активностите што водат до реформа на државното финансирање на граѓанските организации, во согласност со Стратегијата за соработка и развој на граѓанското општество со Акциски план за 2022-2024 година,

Macedonian

Одржан состанок на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество

На 01.03.2022 година Одделението за соработка со невладини организации организираше online состанок на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество. Целта на состанокот беше информирање на членовите на Мрежата за усвоената Стратегија на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акцискиот план 2022-2024 и утврдување на План за следење на спроведување на Стратегијата, преку квартални извештаи за информирање на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и годишни извештаи за информирање на Владата. На состанокот беше разгледан образецот за подготовка на квартален извештај, а присутните претставници на ресорните министерства информираа за преземените и планирани активности чиј рок за спроведување е првиот квартал од 2022 година.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS