Jump to Navigation

Извештај за пријавени организации со кандидати и Јавен повик за гласање за избор на член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за областа „ЕУ интеграции и политики“

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на еден член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, за областa „ЕУ интеграции и политики“ (објавен на 16.10.2018 година) и Јавен повик до организациите кои дејствуваат во истата област да го дадат својот глас само за еден од кандидатите. Секоја активна организација регистрирана во Централниот регистар на Република Македонија која дејствува во областа „ЕУ интеграции и политики“ согласно статутот, може да гласа само за еден кандидат, освен за кандидатот од својата организација, со пополнување на Образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk, најдоцна до 23.11.2018 година. Во прилог на Образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар.

Извештај со јавен повик за гласање

Образец за гласање



Одделение за соработка со невладини организации

на Генералниот секретаријат на Владата

Бул: Илинден бр.2

1000 Скопје, Република Мекедонија

Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

nvosorabotka@gs.gov.mk

Спроведување на стратегија

Финансиска поддршка

Предлози од граѓански сектор

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut