Консултации за Предлог модел за вклучување на граѓанските организации во процесот на преговори со Европската Унија

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор и Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија организираат настан: “Консултации со граѓанските организации за Предлог модел за вклучување на граѓанските организации во процесот на преговори со Европската Унија”, подготвен од Советот, што ќе се одржи на 7.12.2018 година (петок) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ул. Кирил и Методиј бр.50, Скопје).

Заинтересираните граѓански организации можат да го пријават своето присуство на nvosorabotka@gs.gov.mk, најдоцна до 6.12.2018 година.

Коментари на Предлог-моделот за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори за членство во Европската Унија, можат да се достават најдоцна до 12.12.2018 година, на e-mail адресата nvosorabotka@gs.gov.mk.

ПРЕДЛОГ-МОДЕЛ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА