Одржани консултации за Предлог-моделот за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори за членство во Европската Унија

На 7.12.2018 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, членовите на работната група на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор: Фани Каранфилова-Пановска, Сабина Факиќ, Ана Чоловиќ-Лешоска и Лилјана Јоноски, го презентираа првиот нацрт на Предлог-моделот за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори за членство во Европската Унија.

 

На консултативната средба учествуваа 40 претставници на граѓанските организации, кои ја поздравија иницијативата на Советот за изработка на Предлог-моделот и укажаа на важноста на утврдување механизми и активно вклучување на граѓанското општество во пристапните преговори за членство во Европската Унија.

 

Коментари на Предлог-моделот, можат да се достават на e-mail адресата nvosorabotka@gs.gov.mk, најдоцна до 12.12.2018 година.