Дебата на тема Стратегијата креатор на овозможувачко опкружување за граѓанските организации

На 24-ти јануари со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи јавна дебата на тема Стратегијата креатор на овозможувачко опкружување за граѓанските организации.

Целта на дебатата е презентирање на Стратегијата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 година како и динамиката на спроведување на истата. На дебатата ќе се дискутира и за улогата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор при спроведувањето на Стратегијата, како и за поддршката која ја дава Европската Унија во развојот на граѓанското општество.

Дебатата ќе се одржи во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, кој се наоѓа на ул. Кирил и Методиј бр. 50 (спроти централната канцеларија на НЛБ Тутунска банка).

Вашето присуство можете да го потврдите на следниот линк најдоцна до 22 јануари.

 

Покана за учество Дебата:Стратегијата креатор на овозможувачко опкружување за граѓанските организации

Дневен ред за Дебата:Стратегијата креатор на овозможувачко опкружување за граѓанските организации

Macedonian