Објавен Извештај од анкетата за идентификација на мрежите на граѓанските организации

 

Граѓанскиот ресурсен центар, на иницијатива на Одделението за соработка со невладини организации, како дел од активноста за поддршка на работата на државните институции релевантни за развој на граѓанските организации, спроведе онлајн-анкета за мапирање на мрежи на граѓански организации, во која учествуваа 113 организации.

Анкетата имаше за цел идентификување на мрежите, коалициите и други здружувања на граѓански организации, како и директен придонес кон спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 и активно вклучување на тематските мрежи на граѓански организации во работни групи за изработка на прописи и стратешки документи на Владата и органите на државната управа.

 

Со анкетата се идентификувани вкупно 69 активни мрежи, а нивните контакт податоци заедно со другите наоди се објавени во Извештајот од анкетата за идентификација на мрежите во Република Македонија.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

                                                                                                           

Извештај од анкетата за идентификација на мрежите на граѓанските организации во Република Македонија