Одделението за соработка со невладини организации учествуваше на работилница на Експертската работна група при Меѓуресорското тело за човекови права

Во рамките на Проектот за поддршка на Канцеларијата на ОН на програмата за работа на Експертската работна група при Меѓуресорското  тело за човекови права за периодот 2018-2019, а со цел подобрување на процедурите за комуникација со граѓанскиот сектор, на 9 и 10 мај 2019 година во Маврово се одржа работилница на Експертската работна група при Меѓуресорското  тело за човекови права. На работилницата се дискутираа добрите практики и модалитети на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на ОН во однос на соработката со граѓанскиот сектор, модалитетите за транспарентност и ефективни консултации со Меѓуресорското  тело за човекови права  и граѓанските организации, како и за подобрување на процесот на соработка помеѓу нив.

На работилницата беа поканети и учествуваа членовите на Експертската работна група при Меѓуресорското  тело за човекови права, претставници на граѓанскиот сектор и на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата.

Претставниците на Одделението за соработка со невладини организации ги споделија своите искуства и добри практики во спроведувањето консултации со граѓанските организации, како и во воспоставувањето и активната работа на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.