Одржана 12. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 12. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, што се одржа на 22.5.2019 година, Советот ги разгледа Нацрт-упатството за регистрација на проекти во Централната база на податоци за странска помош (ЦДАД), подготвено од Секретаријатот за европски прашања и кварталниот извештај за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020, во периодот јануари – март 2019 година.

Во врска со барањето на Секретаријатот за европски прашања за номинирање на седум претставници од граѓанскиот сектор во ИПА мониторинг комитетот за следење на напредокот на спроведувањето на ИПА 2014-2020 и барањето на Министерството за труд и социјална политика за номинирање на шест претставници од граѓанскиот сектор како членови и заменици членови во Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017, Акција 4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика, Советот го задолжи Одделението за соработка со невладини организации да објави Јавен повик на веб страницата www.nvosorabotka.gov.mk за пријавување на заинтересираните организации и кандидати.

На седницата беше презентиран и проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, имплементиран од Фондација Отворено општество – Македонија, во партнерство со Евротинк-Центар за европски стратегии, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција, а финансиски поддржан од Делегацијата на Европската унија во РСМ, во рамки на IPA Civil Society Facility and Media Programme 2016-2017.

 

  

Macedonian