Одржана конференција на тема „Реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации“

На 22.5.2019 година, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), се одржа конференција на тема „Реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации“. На конференцијата се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, кој ја потврди политичката волја за подобрување на моделот на државно финансирање. Тој истакна дека Владата веќе презема чекори и по дискусиите со граѓанските организации  се очекува моделот да се финализира во септември оваа година.

На конференцијата се обрати и министерката за правда, Рената Дескоска, која се осврна на улогата на Министерството како одговорната институција за спроведување на Законот за здруженија и фондации и ја потврди отвореноста на Владата за соработка.

На конференцијата учествуваа Борис Копривникар, поранешен министер за Јавна администрација и потпретседател на Владата на Република Словенија (2014-2018) и Jонут Сибиан, директор на романската Фондација за развој на граѓанското општество, кои со присутните ги споделија искуствата и добрите практики од нивните земји.

Претседателката на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Фани Каранфилова-Пановска, ја потенцираше улогата на Советот во поттикнувањето на развојот на граѓанското општество.

    

 

 

Обраќање на премиерот Заев пред претставниците на граѓанските организации и на институциите што соработуваат и учествуваат во поддршката на граѓанското општество