Submission #101

Култура
Мултикултура
www.multikultura.org.mk
info@multikultura.org.mk
071/277-651
Дервиш Цара 5/2-2, Тетово
Основање и организациона поставеност

Мултикултура е водечка организација за граѓански права преку промоција на младинскиот активизам и учество во процесот на донесување на одлуки и развој на културните и на меѓуетничката толеранција и соработка, формирана во август 2000 година.

Здружението брои повеќе од 100 активни членови, чиј број постојано се зголемува. Околу 30 волонтери учествуваат во организирање, менаџирање и водење на активностите. Волонтерите го образуваат волонтерскиот форум како еден од органите на здружението.
Собранието на здружението е највисок орган при донесувањето на одлуките.
Извршниот одбор, го сочинуваат членовите на Мултикултура кои директно ги извршуваат одлуките на Собранието. Од редовите на Извршниот одбор се избира застапникот на Мултикултура, кој е овластен да ги застапува интересите на здружението.
Во Здружението Мултикултура работи и Надзорен одбор, кој врши надзор во работата на останатите органи, како и надзор на користењето на финансиските средства.

Поле на дејствување
Програмите кои ги реализира здружението, се едукативни, од дружељубив карактер и со поддршка на толеранцијата, мирот и разбирањето.

Мисија и цели на здружението

Мисија: Градење на хармонично, мултиетничко општество.

Основните цели на здружението се:

- Активно учество на младите во донесувањето на одлуки на локално и
национално ниво;
- Интеркултурен дијалог на национално и на меѓународно ниво;
- Толеранција и ненасилно разрешување на конфликти;
- Намалувањето на невработеноста и социјална интеграција на младите;
- Бесплатна правна помош.
- Национален младински совет на Македонија;
- АДДР Сонце;
- Институт за развој на заедницата;
- Младински образовен форум;
- Прва детска амбасада во Светот МЕЃАШИ.
- Коалиција СЕГА;
- NCBI;
- UNITED;
- Regional Youth Action Against Discrimination and Militarism;
- Национален младински совет на Македонија;
- Македонска платформа против сиромаштија;
- Коалиција за правично судење;
- International Step by Step Association.
Вулнет Зенки
16
1